Полнети јајца со сирење

27 мај, 20130
12

Потребни состојки:

–          Сол по вкус

–          0,5 ч.л. црвен пипер

–          Црн бибер по вкус

–          50 гр путер

–          100 гр сирење

–          1 с.л. кари

–          Шарена сол по вкус

–          4 јајца

Начин на подготовка:

Ги вариме јајцата тврдо. Потоа ги лупиме и ги сечеме на пола во ширина.

Ги вадиме жолчките. Од врвовите на белките сечеме по малку за да можат половинките да стојат исправени.

Ги пасираме жолчките со вилушка заедно со сирењето, путерот, карито, црвениот пипер, биберот и додаваме сол по вкус.

Од смесата оформуваме 8 топчиња кои ги поставуваме во кошничките од белка. Пред сервирање по желба поросуваме со малку црвен пипер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi