Талиатели “Карбонара“

9 август, 20130
10

Потребни состојки:

200 мл павлака

2 жолчки

Сол

Бибер

20 гр листови босилек

4 делчиња од глава лук

2 глави кромид

60 мл масло

1 кутија талиатели

300 гр димена сланина

150 гр пармезан

Ги поставуваме талиателите да се варат во соодветен сад така што да бидат покриени со вода. Во водата додаваме една лажичка сол и две лажички масло.

Ги сецкаме сланината и кромидот.

Ја запржуваме сланината и кромидот во останатото масло, додека сланината не почне да се витка и да станува помалку крцкава, а кромидот да добие златна боја.

Ја додаваме павлаката и откако ќе проврие оставаме да крчка на оган додека павлаката не ја смени бојата од бела во жолтеникава.

После тоа ги додаваме жолчките.

Готвиме уште 2-3 минути за да може жолчката да коагулира. После тоа го додаваме босилекот и бибер по вкус.

Сварените талиатели ги мешаме со сосот и ги сервираме врели.

Талиатели "Карбонара"

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi