Тирамису со Нес кафе

8 јуни, 20130
7

Потребни состојки:

–          2 кесички пудинг од ванила

–          50 гр чоколада со 70% какао

–          600 мл млеко

–          100 гр шеќер

–          2 кесички ванилин шеќер

–          250 гр маргарин

–          300 гр пишкоти

–          100 гр шлаг

–          3 чаши кисела павлака

–          2-3 лажици нес кафе

Подготовка:

Сварете два пудинга со 600 мл млеко. Тргнете го садот од оган и веднаш ставете ја ванилата и шеќерот. Ако веднаш го ставите шеќерот додека се вари пудингот голема е веројатноста дека ќе ви загори.

Изматете го маргаринот. Во него додавајте го изладениот пудинг постепено. Непрекинато мешајте со миксерот. Додадете ги и трите павлаки. Подгответе го кафето во кое ќе ги потопите пишкотите.

Половина од пишкотите потопени во нес кафе ставете ги во еден сад. Сипете го кремот, па наредете уште еден ред пишкоти. Одозгора повторно сипете од кремот и декорирајте со изрендана чоколада.  Или пак посипете го колачот со какао.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi