Торта со крем од ореви

9 ноември, 20130
3

Состојки:

6 јајца

150 гр шеќер

120 гр брашно

1 лимон

За кремот:

200 гр путер

120 гр шеќер во прав

2 јајца

1 супена лажица млеко

160 гр мелени ореви

Јајцата се матат добро со шеќерот, се додава брашното и изренданата кора од лимон. Се меша добро и смесата се префрла во сад за печење обложен со хартија за печење. Се пече на умерена температура.

Кремот: Се мати путерот со шеќерот и се додаваат едно по едно јајцата. Оревите се попаруваат со врело млеко, се остава да се оладат и се додаваат во путерот.

Тестото откако ќе се олади, се сече на две кори, меѓу нив се става дел од кремот а со останатиот крем се мачка од горе и странично.

Торта с орехов крем

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi