Уште еден фантастичен чоколаден десерт: Милка торта со бисквити и ореви

7 декември, 20130
13

Состојки:
за една кора:
6 белки
6 лажици шеќер
4 лажици мелени ореви
1 лажица презла трошки
се прават две вакви кори
Фил:
Прв дел:
12 жолчки
12 лажици шеќер
100 гр Милка чоколада
Втор дел:
7 дцл млеко
100 гр густин
3 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
300 гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
Трет дел:
250 гр путер
120 гр шеќер во прав
За декорација:
2 шлаг крем од чоколада, малку матена слатка павлака
Подготовка:
Од белките и шеќерот се мати цврст снег. Се додаваат постепено ореви и презла и постепено се меша. Калопот со пречник 27 см се подмачкува и се поросува со брашно, на дното се поставува хартија за печење и се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 10-15 минути. Корате ќе нарасне додека се пече, но ќе се спушти кога ќе се олади.
фил 1: Жолчките и шеќерот се матат со миксер додека не побелат и се вари на пареа околу 15 минути. Се додава чоколада и кога ќе се стопи, се трга од оган и се остава добро да се олади.
Фил 2: Од 7 дцл млеко одвојте доволно за да се измати густинот со шеќер и ванила, останатото се става на оган да зоврие. Се вари густинот во врелото млеко и се додаваат бисквитите и оревите. Се меша и се остава да се олади на собна температура.
Фил 3: Пенасто се мати путерот со шеќер во прав. Спојте ги сите три смеси во еден фил, прво путерот и жолчките, на крај делот со бисквити. Добро изматете со миксер и со смесата се мачкаат корите помеѓу, од горе и странично.
Тортата се остава во текот на ноќта добро да се стегне. Се украсува со шлаг крем од чоколада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi