Роналдо до Мурињо: Не плукај во чинијата од која јадеше!
5 август, 20130
Бившите колеги од Реал се почесто доаѓаат до отворен конфликт преку медиумите. Фудбалерот на Реал Кристијано Роналдо изјави дека не сака да ги коментира изјавите кои неговиот бивш тренер ги упатил на негова адреса.
Мурињо претходно изјави дека Роналдо не реагира адекватно на критики, а минатиот викенд изјави дека Португалецот не е “вистинскиот“ Роналдо, туку оној од Бразил.
Некои изјави не се вредни за коментирање. Нема ништо да одговорам од очигледни причини. Секогаш ги почитував своите тренери и учев од нив. Навикнав луѓето да зборуваат лошо за мене. Ние во Португалија имаме изрека: “Не плукај во чинијата од која јадеше“. Тоа е се што имам да кажам, вели Кристијано Роналдо.