Дали вака ќе изгледа светот во 2025 година?

17 јули, 20140
7

Студијата „The World in 2025: 10 Predictions of Innovation“ содржи предвидувања за напредокот во идните десет години.

„Има многу инвестиции во науката и технологијата низ светот, се прават многу истражувања на универзитетите и институтите. Главната дебата се водеше околу тоа кои ќе бидат десетте технолошки предвидувања“, изјави на прес-конференција Бејзил Мофта, директор на Thomson Reuters IP and Science.

Погледнете за кои десет технолошки предвидувања станува збор:

1. Опаѓање на деменцијата

Според извештајот, многу пари ќе бидат вложени во научни изучувања на деменцијата така што бројката на заболени ќе се намали.

2. Соларната енергија ќе биде најголемиот извор на енергија

Благодарение на напредните методи на собирање, складирање и употреба на соларната енергија таа ќе стане примарен извор на енергија низ целата планета.

3. Луѓето ќе бидат заштитени од заболување на Дијабетес од тип 1

Модифицирањето на човечкиот геном ќе стане реалност, луѓето ќе бидат заштитени од различни болести како дијабетесот тип 1.

4. Крај на недостатокот на храна

Благодарение на напредната технологија, недостатокот на храна и промената на цената на намирниците ќе бидат дел од минатото.

5. Ќе оживее електричниот воздушен сообраќај

Напредокот во авионското инженерство и новите батерии ќе овозможат реализација на воздушен сообраќај во вид на микрокомерцијални летови за кратки патувања. Новите авиони ќе можат да полетуваат од помали места, а добивањето на дозвола за пилот можеби ќе биде првиот потег што ќе направи промени во 21 век.

6. Сè ќе биде дигитализирано

Почнувајќи од автомобилите и домовите, сè ќе биде дигитално поврзано.

7. Пластичните кеси ќе заминат во историјата

И на ова поле ќе има промени, пластичните кеси ќе бидат заменети со целосно разградливи кеси на база на целулоза.

8. Третманите за рак ќе имаат помалку токсични ефекти

Развојот на лековите ќе биде на повисоко ниво, ќе се поврзуваат специфични протеини и ќе се користат антитела за да биде запрен развојот на болести како ракот. Нуспојавите од лекувањето ќе бидат многу помали.

9. Мапирање на ДНК како норма

Еволуцијата на нанотехнологијата во комбинација со другите технологии ќе овозможи мапирање на ДНК уште од раѓање на луѓето како норма, односно како дел од годишен преглед на доктор. Со тоа болестите би се идентификувале навреме.

10. Квантната телепортација ќе биде тема на истражување

Иако до 2025 година луѓето нема да можат да се телепортираат низ вселената, ќе се направат многу истражувања и тестирања на квантната телепортација.

Останува да видиме дали овие предвидувања навистина ќе се исполнат до 2025 година.

„Нашата цел е да провоцираме дебата меѓу истражувачката средина и светот пошироко, да им покажеме што навистина се случува кога станува збор за науката“, смета Мофта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi