30 животни лекции: Верувајте, ако во животот ви тргне наопаку, Универзумот ќе се погрижи да биде се во ред…

2 јули, 20140
2

Светот е наше огледало. Она што го сакаме во другите, е одраз на она што го сакаме во себе…
Таа е мајка, сопруга и љубовница. Денес има 30 години и до сега научила 30 животни лекции кои сака да ги сподели со нас. Зора Глускин направила список на оние работи кои ги научила во животот, и се надеваме дека ќе бидат полезни и за вас.
1. Среќата е во нас. Трошиме премногу време барајќи ја на друго место, а таа е всушност тука.
2. Бидете благодарни за се, и за убавото и за лошото. Животот е неверојатен дар и болката е составен дел од животот.
3. Промената на перцепцијата ќе ви го смени целиот живот. Ако се чувствувате лошо или разочарано обидете се ситуацијата да ја погледнете од друг агол.
4. Ако сте во суштина среќни, тоа можете да го пренесете и на другите.
5. Светот е наше огледало. Она што ние го сакаме во другите е одраз на она што го сакаме во себе.
6. Сите доаѓаат во нашиот живот со причина. Прашање е дали сме отворени да ја научиме лекцијата која ја носат во нашиот живот. Колку повеќе потешкотии ќе ни донесе некој, толку лекцијата е поважна. Научете нешто од тоа.
7. Верувајте! Ако работите почнат да се одвиваат наопаку, универзумот ќе направи повторно се да биде во ред.
8. Никогаш не ги доживувајте работите премногу лично. Она што луѓето го прават е одраз на она што се случува во нивниот живот и тоа нема врска со вас.
9. Прошетките во природа се лековити. Можете да научите многу работи за животот набљудувајќи ја природата.
10. Повредените луѓе, повредуваат други луѓе. Без разлика на тоа сакајте ги, но сосема е во ред да ги сакате од безбедно растојание.
11. Морате да почувствувате и да се соочите. Разбудете ги вашите стравови и поставете ги во самиот центар, бидејќи тоа е единствениот излез. Соочувањето со вистината е болно, но се исплати во долгорочен план.
12. Перфекционизмот е илузија. Секако треба да тежнеете кон совршенство но себе си мора да си ги простите грешките кои на сите ни се случуваат.
13. Немојте слепо да се фокусирате само на своите цели. Светот е неверојатно убав кога живеете со широко отворени очи.
14. Славете го патувањето. Поентата не е само во дестинацијата.
15. Простувањето не се однесува толку на другиот човек, тоа говори за вас самите. Така го добивате мирот кој го заслужувате. Простувајте често.
16. Сите сме неверојатно интуитивни. Слушајте го шепотот на срцето, тоа го знае патот.
17. Дозволете вашата душа да блесне. Бидете специјални. Ни еден човек на светот не е како вас.
18. Не сфаќајте го животот премногу сериозно. Прифатете ја играта, забавувајте се. Бидете откачени. Смејте се.
19. Бидете заобиколени со луѓе кои ве сакаат и подржуваат. И вие сакајте ги и подржувајте ги. Животот е премногу краток за се помалку од тоа.
20. Тајната е во давањето. Споделете ја својата мудрост, својата љубов, своите таленти.
21. Внимавајте да не давате премногу. Вашата чаша вака ќе остане празна. Клучот е во умереноста.
22. Кажете ДА на се што ќе ве понесе, кажете НЕ на се што не ви одговара. Времето е скапоцено и никогаш нема да можеме да го вратиме.
23. Некои пријателства едноставно ги надраснуваме. Тоа не значи дека некоја од страните е лоша, туку едноставно патиштата се одвоиле.
24. Стравот често пати ви покажува што е она што ви е потребно во животот. Дозволете стравот да биде ваш водич.
25. Соочувањето со стравовите е најдоброто што можете да го сторите за себе.
26. Чувствувајте се добро во својата кожа, тоа е најважно. Овозможете му на своето тело да биде здраво и полно со енергија. Телото ќе биде со вас цел живот.
27. Животот е исполнет со подеми и падови. Затоа уживајте во патувањето.
28. Ние не сме центар на универзумот, иако нашето его може да направи да се чувствуваме така понекогаш. Обидете се да го погледнете светот низ погледот на другите.
29. Бидете благодарни за сите убави работи што ви ги носи животот. Така создавате простор за повеќе љубов и радост во својот живот.
30. Никој не е ни подобар ни полош од некој друг. Во различни фази од животот ги решаваме работите онака како што најдобро умееме. Сфатете само дека луѓето се разликуваат, без да ги степенувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi