Додека трчаме по времето, не ги заблежуваме важните нешта поставени покрај патот

19 јули, 20140
18

Момчете возеше внимателно и погледнуваше често на часовникот. Денес беше големиот ден, кој го очекуваше нетрпеливо да пристигне. Одеше на интервју за работа. Влезе во потесниот избор, а оваа работа, беше работата од неговите соништа. Имаше некое сигурно чувство во себе дека ќе ја добије работата. Зошто го знаеше девојчето, кое исто така влезе во потесниот избор, а имаше помали квалификации од него. Насмевката бликаше на неговото лице, а свилената бела кошула му прилегаше џентламенски. Имам време, сигурно ќе пристигнам двесетина минути порано како што доликува си помисли и повторно погледна по навика во часовникот. Наеднаш одекна некој силен тап звук, се ждимна исплашено кога од автомобилот пред него излета нешто ко партал. Закочи преплашено, а и автомобилот пред него закочи за момент, а потоа со еден брз старт и напукната шофершајбна избега од местото на несреќата.
“Проклетство” изговори во себе и истата секунда излезе од автомобилот за да помогне.
Пребледе целиот кога го виде детскиот велосипед како беше прекрашен на средина од патот, а потаму од него лежеше некое момче на десетина години. Беше целото во крв, а крвата се лиеше на црниот асвалт поцрвенувајќи го. Нозете му се беа фатиле од страв, но потрча да даде помош. Детето веќе почнуваше да губи свест, а тој го зема во прегратќи. Го допре до белата кошула која поцрвене од врелата детска крв. Го качи набрзина во автомобилот, го легна на задното седиште и шеоптеше постојано само само една реченица.
“Господе те молам спаси го оваа дете, друго ништо не е важно.”
Брзаше кон клиничката болница во центарот на градот. Возеше брзо и нервозно поминувајќи се што беше пред него, а сирената од неговиот автомобил постано грмеше наговестувајќи колку е важно да се направи пат. За десетина минути пристигна пред холот на болницата. Застана, истрча од автомобилот го зеде детето во раце и трча кон ходникот викајки преплашено.
“Ве молам спасете го ова дете…. собраќајка…. спасете го.”
За неколку мигови се појавија неколку доктори кој го преземаа детенцето за да му дадат прва помош.
Момчто нервозно шеташе во ходникот, ако тргнеше сега ќе пристигнеше и не интервјуто за работа, но не ни помислуваше на тоа. Му беше важно само да се спаси еден детски живот. По дваесетина минути докторите излего со момчето кое лежеше на болничкиот кревет. Го туркаа креветот по мрачниот ходник, брзајки да пристигнат во оделението за магнетна резонаца, да направат снимка, за да утврди дали има внатрешно крварење. Момчето преплашено трчаше по нив.
Докторот набрзина влезе во салата, а од таму се слушна пискав женски глас.
“Затворете ја врата имаме пациент, има зрачење почекајте надвор.”
“Итен случај” изговори докторот.
“Во ред веднаш ќе завршиме, само момент.”
Крвта од повредните места беше исчистена од неговото детско невино лице кое беше бледо, изгледаше како ангел. Се обидуваше напорно да ги држи тие плави очиња отворени, а докторот постојан со еден груб глас му повторуваше.
“Не смеете да заспиете.”
Момчето се доближи до него и почна да му зборува, да го препрашува: како се вика, каде учи, која му е учитека…. Се трудеше со неговото друштво и комуникација да го остави будно малото уплашено дете кое го болеше целото тело. По десетина минути, вратата од салата се отвори, и докторот почна да го придвижуваа креветот, и момчето влезе со нив.
“Што сте му вие?” го запраша докторот.
“Роднина” изговори кратко момчето кое веќе беше во салата покрај апаратот.
Повреденото дете се уплаши од големиот гломазен апарат и почнаа да плаче, да писка, да ги бара своите родители. Момчето го тешеше, се смируваа двајцата и двајцата беа преплашени. Додека докторите се приготвуваа за снимањето го дозне бројот од неговиот татко. Додека траеше снимањето момчето стапи во контакт со неговиот татко кој беше преплашене од вест. Пред салата трпеливо го чекаше некој полицаец за да испита детали за собраќајката. Испитувањето траеше половина час, а за тоа време докоторите успеа да му ги санираат повредите и скршениците на детето. Благодарени на брзата интервенција на момчето, детето беше надвор од животна опасност. Пристигнаа и родителите на детето, уплашени, гневнени, разочарани. Се распрашуваа за состојбата на нивниот син и олесна кога слушнаа дека ќе биде добро. Таткото бараше детали за собраќајката за да одоговара оној што е виновен. Кога го виде момчето со белата крвава кошула и дозна од некои од пациентите во ходникот, дека то е момчето кое го удрил и донеле во болница неговиот син. Револтирано му се приближи и го зграба за кошулата потискајки го на ѕидот. Полицаецот го отфрли револтираниот татко и се обидуваше да ја смири ситуацијаа,а мајката на детето вреѓаше, пиштеше, коленеше по момчето.
“Ова не е човекот кој го удри вашиот син, вистинскиот виновник избегла од местото на настанот. Ова момче се нашло таму и го донело вашиот син во болница. Него му го должите животот, тој не стаса на интервју за работа за да го спаси вашиот син.”
Момчето само тажно ги погледна уплашените и револтирани татко и мајка, тој веќе ги познаваше, поради нив ја беше загубил старата работа. Пред две недели истите тие луѓе влего во продавницата во која работеше му побараа футроло за најнониот нивни смарт телефон, а тој почна да пребарува низ футролите за да пронајде футрола за нејзиниот смарт телефон. Кога и соопшти дека немаат таа футрола, тие гневно му се развикаа, зошто му требало неколку минути да изгиовори дека немаат. Му се караа за нивното изгубено време, а тој само ги гледаше и љубезно и се извини. Реагираа и кај газдата, тој ден и газдата беше во некое брзање и беше нервозен, затао момчето доби отказ.
Момчето овој пат не изговори ништо само се поздрави со докторите и со полицаецот и си замина дома, а родителите на дететето остана запрепастени усрамени, остана и без благодарам. Не замина на интервјуто, туку дома. Веќе беше поминало повеќе од еден час, работаа сигурно ја добила девојчето кое беше другиот кандидат.
Полицаецот остана да ги прашува родителите каде биле и зошто не се грижеле за нејзиниот син, па тој возел по автопат со велосипед каде не е дозволено тоа. Беа засрамени, остана молчливи, само солзи имаше во нивните очи и тажни погледи. Денеска научија една важна животна лекција.

Времето е најскапоценото нешто што го имаме. Но, кога трчаме по времето постојано доцниме. Брзите чекори не носат побрзо до целта, кон врвовите, но кога паѓаме надоли, уште побрзо паѓаме. Затао треба да чекориме пополека, но посигурно. Додека трчаме по времето, не ги заблежуваме важните нешта поставени покрај патот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi