На крајот, се доаѓа на свое, на овој или оној начин – ако се работите уште несредени, значи дека не сме на правиот пат…

24 јули, 20140
10

Дојдов кај вас ДРАГИ ПРИЈАТЕЛИ да ве поздравам!
Моето име е СРЕЌА и составен дел сум од вашиот живот… животот на оние кои веруваат во снагата на љубовта и животот на оние кои веруваат дека е љубовта бесконечна…
А, знаете ли дека сум во брак?
Одамна сум венчана со Времето и тоа е решение за многу ваши проблеми кои на почетокот изгледаат големи и без решение… тоа надградува срце и способност, лечи рани и ја победува тагата…
Времето и јас заедно имаме три деца…
Нашите деца се: Пријателство, Мудрост и Љубов…
Пријателство е најстарото дете… убаво, искрено, весело и насмеано… зближува луѓе а да притоа никого не ранува туку секогаш го теши и го држи за рака…
Мудрост е нашето второ дете… тоа е паметно со цврсти принципи, без престанок учи и сè ја интересира… Најслична е на својот татко Времето. Може да замислите кога тие двајцата чекорат заедно. Мудрост и Време…
Најмлада е Љубов.
Колку работа со неа… тврдоглава, упорна и превртлива… така понекогаш сака да живее на едно место… а после некое време ќе се сети и кажува дека е создадена да живее во две срца а не само во едно… ах, мојата Љубов е многу сложена и заплетена така што знае некогаш и подолго време да се одмара и се заборава во тоа… Кога ќе дојде тоа на сцена морам да го викнам нејзиниот татко. Времето ќе дојде и ќе се обиде да ги закрпи раните кои неговата ќерка ги причинила, а често во помош доаѓа и Мудрост, иако не во сите случаи е од голема помош со својот памет…
Еднаш една личност ми рече:
…на крајот сè доаѓа на свое… на овој или оној начин… ако се работите уште несредени, значи дека не сме на правиот пат…
Затоа, ви кажувам… верувајте на мојата фамилија… на мојот сопруг Времето и моите деца…
Пријателство, Мудрост и Љубов.
Кога би имале доверба во нив, знајте дека и јас… Среќа… еден ден на сите ќе ви затропам на врата…
И никогаш не заборавајте СМЕЈТЕ СЕ!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi