Најдобри спа центри во Европа
Ако ви е потребно место каде ќе ги наполните батериите и ќе го отстраните стресот, тогаш погледнете ги овие 10 најдобри спа центри во Европа.
Откако ќе ја видите нивната понуда, сигурно ќе посакате уште веднаш да заминете во центрите на мирот:
1. „Hotel Des Baron” – Италија
Сместено покрај природна убавина и фантастичен мир кој владее покрај езерото Маџоре, овој хотел ви нуди терапија за целосно здравје. Освен што ќе се опуштите со масажите од лековитата кал, можете да отидете и на третмани како педикир и маникир или разните третмани за лице кои ги нуди овој центар.
2. „Pierre Loti Hotel”- Турција
Оние кои бараат традиционален и пристапен спа хотел во срцето на Турција- Истанбул, тогаш Piere Loti е вистинска оаза и полн погодок. Во непосредна близина се наоѓаат сите знаменитости на Истанбул, а спа услугите може да се наречат и здравствени, бидејќи покрај третманите и масажите, постојат третмани кои вклучуваат триење со сол, како и бањање во традиционалниот турски амам.
3. „Le Meurice”- Франција
Хоризонтот кој се простира од прозорците на овој хотел е навистина единствен, исто како и услугата која ја нуди. Сместен во самиот центар на Париз, овој спа центар е многу спокојно место, поради тоа што е опкружен со паркови. Услугите кои се нудат, главно се од естетска природа, што значи со сигурност ќе се подмладите уште после првата посета. Ако имате подочници, ќе заборавите на нив, бидејќи тие ќе исчезнат по првата масажа.
4. „Rome Cavalieri spa hotel”- Италија
Без воопшто сомнение, овој хотел е сместен на најдобрата локација во цела Европа, бидејќи се наоѓа на брдото над Рим и Ватикан. Станува збор за мирен спа центар кој ќе ве маѓепса со тишината, но и со близината, бидејќи за 5 минути ќе се најдете во центарот на Рим. Хотелот нуди козметички третмани и масажи, но првенствено е одличен заради релаксацијата која ќе ја добиете токму таму.
5. „Savoy Hotel”- Велика Британија
Класика и префинетост во секоја смисла на зборот го одликуваат токму овој хотел со долга традиција зад себе. Неговата реконструкција чинела неверојатни 210 милиони фунти, а сега изгледа како создаден за кралската фамилија, но и секој посетител се чувствува како да е величествен зад вратите на Savoy hotel. Гордон Ремзи ќе ви го приготви оброкот, а вие можете да уживате во фитнес третманите и терапиите за зголемување на енергијата.
6. „Mandarin Oriental”- Шпанија
Во Барселона можете да го пронајдете вистинското место за релаксација и ослободување од стрес или пак, да решите некои психички проблем. Топлите парни бањи, базени, масажи и психијатар кој е на располагање 24 часа ќе ви помогнат да поминете низ сите животни тешкотии.
7. „San Clemente Palace”- Италија
Овој луксузни спа хотел со 5 ѕвезди е сместен на приватен остров, што значи дека сте изолирани од посетители и оддалечени од гужвите и буката. Хотелот се наоѓа во Венеција, а нуди секаква врста на детоксикација на организмот, разни велнес услуги и третмани за подмладување.
8. „Corinthia Hotel”- Чешка
Сместен помеѓу ѕидините во стариот дел на Прага, овој велнес центар се издигнува како купола кон небото. Нуди секакви услуги како и останатите спа центри, но по најприступни цени. Сауната и масажите се познати како доста делотворни, а базените се специфички и единствени, бидејќи се полнат со минерална вода. Доколку имате време, тркнете до Прага на опуштање.
9. „Weinmeister”- Германија
Локацијата на овој спа центар е во Берлин, на улица која е преполна со барови, кафулиња, бутици, продавници, па во склоп со сето тоа на петтиот кат постои оддел за детоксикација, ако претерате со алкохолот. Имаат центар за масажа, кој важи за најдобар во Германија и секако фитнес програма.
10. „InterContinental Amstel Amsterdam”- Холандија
Најчесто посетуван од рок ѕвезди и претставници на кралската фамилија, овој спа центар се опишува со зборовите класика, луксуз и префинетост. Познат е по тоа што важи за најдобар центар за подмладување во цела Холандија, а неговите базени, амами и врвната услуга вредат за секоја потрошена пара во овој спа центар.