Бел остров

22 јули, 20140
4

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 40 парчиња плазма

* 1 пудинг од ванила

* 1 пудинг од чоколадо

* 250гр путер

* млеко колку што е потребно за пудингот + уште 1-2дцл за потопување на плазмата

* шеќер колку што пишува на паковката од пудингот

* 1 пакетче ванила

* 2 поголеми или 3 помали банани

* 2 пакетчиња шлаг

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Путерот извадете го од фрижидер да омекне. Сварете ги пудинзите според упатството од паковката. Осатавете ги да се изладат и од време на време промешувајте ги, да не се создаде кора на површината. Откако ќе се изладат, во секој додадете по 125гр омекнат путер. Треба добро да изматите две креми. Во 2дцл мелко ставете едно пакетче ванила да се стопи. Во тоа млеко топете ги плазмите, но да не бидат премногу меки, па редете ги 4×4 плазми. Нјапрово премачкајте ги со чоколадниот крем, па повторно плазма (3×4). Следен е кремот од ванила, бананите, кремот од ванила и плазма (2×4). Потоа кремот од чоколадо, бананите, кремот од чоколадо и плазма (1×4). Премачкајте ја целата торта со останатиот дел од кремот. Ставете го во фрижидер за да се стегне. По два часа изматете го шлагот и премачкајте ја тортата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi