Без печење: Брзи тријаголници

16 април, 20140
12

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 300-350 гр мелени бисквити

глазура:

  • 30 гр маргарин
  • 100-150 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица млеко

Подготовка:

Добро се матат јајцата со двата вида на шеќер. Се ставаат во тенџере на многу слаб оган или во поголемо тенџере со вода и со постојано мешање се варат околу 5 минути.
Маргаринот се дели на 10-ина коцки. Една по една се додаваат во топлата смеса од јајца. Додека едната коцка не се истопи во јајцата, не се додава друга.
Смесата постојано треба да се меша. Се остава така да се вари 20-ина минути.
Смесата, која треба да биде течна се трга од оган и во неа постепено се додаваат мелените бисквити. Која количина на бисквити е потребна зависи од видот на бисквитите. Смесата не треба да биде многу тврда.
Се остава смесата малку да се излади и да се стегне за да може да се обликува. Ако сакате да правите коцки, тогаш уште додека е топла смесата се сипува во сад подмачкан со масло  и се остава да се излади.
Ако сакате да правите триаголници, смесата се обликува со раце. Така обликуваната смеса се витка во фолија за храна и се остава да се излади 1 час. Потоа се прелива со глазура која се прави од стопено чоколадо во кое се додаваат малку маргарин  и една лажица млеко.
Се остава 2-3 часа на ладно да се стегне и глазурата и потоа се сече на парчиња дебели околу 1 цм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi