Бисквит торта со ореви
27 ноември, 20140
Потребни намирници:
3 пакетчиња бисквити
200 мл млеко
100 гр ореви
750 мл млеко
200 гр шеќер
2 јајца
2 супени лажици брашно
1 пакетче ванилин шеќер
Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал.
На крај се завршува со слој крем и мелени ореви.