Чизкејк Kоцки

23 април, 20140
6

Состојки:

за подлогата:
200 гр. мелени бисквити
5 лажици стопен путер

за филот:
400 гр. крем сир
1 павлака (250 мл.)
1 чаша хопла (користете ја чашката од павлаката за мерење)
1 чаша бел шеќер (мерејќи со чашката од павлаката)
3 јајца
3 лажици брашно

+ за чоколадниот дел:
3 полни лажици какао
2 лажици шеќер

Во посуда, измешајте ги мелените бисквити со стопениот путер, и притиснете ги на дното од тавче од 22 сантиметри (ако имате тавче од 24 цм, ќе ви треба малку повеќе бисквити и стопен путер, ама ќе имате доволно фил со овој рецепт). Силно притистнете ја мешавината од бисквити за да се направи рамна подлога. Печете ја подлогата 10 мин во загреана рерна на 200 Ц степени. Извадете ја од рерна и оставете ја да се олади. Треба да биде само малку заруменета.

Во меѓувреме, ставете го кремсирот во посуда и почнете да го матите со миксер. На него додадете ја павлаката, хоплата, шеќерот, јајцата и на крај брашното. (ако почнете со матење на кремсирот, филот ќе ви биде мазен и убав, инаку може да останат грутки кремсир неизматени).

Истурете пола од филот во тавчето врз оладената подлога. На останатиот дел од филот додадете го какаото и дополнителниот шеќер и изматете пак. Истурете го чоколадниот фил врз белиот.

Печете го чизкејк-ов во загрена рерна на 180 степени околу саат време и потоа обавезно оладете ја во фрижидер барем 6 саата, ама најдобро преку ноќ. Потоа исечете ја или како традиционална торта или во помали коцкасти парчиња.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi