Чоколадна Нутела торта

23 март, 20140
торта

Состојки

  • 6 големи јајца
  • 125 гр. путер
  • 400 гр. нутела
  • 1 лажица вода
  • 100 гр. лешници мелени
  • 150 гр. чоколадо
  • малку сол

Прелив

  • 125 мл. хопла
  • 125 гр. чоколадо
  • 1 лажица вода
  • 100 гр. лешници

Упатство

Загрејте ја рерната на 180 степени. Извадете го путерот од фрижидер за да омекне пред да го употребите. Чоколадото за тортата искршете го на коцки и растопете го пред да почнете да ја приготвувате тортата за да има време да се излади. За да го растопите чоколадото, ставете вода да врие во едно тенџере со средна големина. Во друго помало тенџере ставете го чоколадото и поставете го врз поголемото тенџере со вода. На овој начин чоколадото ќе се растопи на пареа.

Ова е подобар начин одколку да го ставите директно на рингла бидејќи нема да ви загори. Одкако ќе се растопи чоколадото оставете го на страна.
Одвојте ги жолчите од белките. Изматете ги белките од јајцата во еден поголем сад. При матењето додадете малку сол. Матете додека да добиете цврста пена.
Во друг сад исечете го путерот на мали коцки, додадете ја целата количина на нутела и добро измешајте ги. Во оваа смеса додадете ги мелените лешници, жолчките од јајцата и една лажица вода. Мешајте ја смесата со жица за матење додека да добиете рамномерна смеса.
Потоа во садот додадете го изладеното растопено чоколадо и продолжете со мешање. На крај во оваа смеса постепено додате ги изматените белки, една по една лажица.
Намачкајте една кружна тепсија со малку путер и обложете ја со хартија за печење.
Истурете ја смесата што ја приготвивте и печете ја во загреаната рерна околу 40 минути.
Одкако ќе се испече тортата оставете ја да се излади малку пред да ја превртите врз чинија за сервирање.
Потоа оставете ја целосно да се излади пред да го нанесете преливот.
Во тенџере на рингла на слаб оган, растопете го чоколадото, хоплата и една лажица вода со постојано мешање. Потоа измешајте ја смесата со жица или миксер додека да стане доволно цврста за да можете да ја филувате тортата. Ако преливот ви изгледа малку течен ставете го во фрижидер неколку минути за да се стегне.
Потоа со преливот филувајте ја целата торта и декорирајте ја со цели лешници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi