Чоколадна торта готова за 45 минути

2 јануари, 20140
18

Состојки:

8 јајца

200 гр шеќер

1 дл масло

700 гр чоколадо за готвење

½ прашок за пециво

0.5 л слатка павлака

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и направете од нив цврст снег.

Во жолчките додадете шеќер и изматете ги за да добиете глатка смеса. Во смесата додадете масло и прашок за пециво и сето тоа добро изматете го со миксер.

300 грама чоколадо се топат на пареа. Стопената чоколада додадете ја во смесата и повторно добро измешајте.

Во смесата се додава и снегот од белки, повторно се меша, но овој пат рачно. Добиената смеса се исипува во калап и се пече 40 минути на 180 степени.

Слатката павлака ставете ја на тивок оган да се загрее и во неа додадете 400 грама чоколада. Мешајте додека смесата добро не се изедначи.

Добиениот крем исипете го врз кората. Од горе обилно поросете со какао и вашата торта е готова!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi