Диетален и вкусен: Помфрит во рерна

13 март, 20140
15

Потребни состојки:

  • 8 средни компири
  • 2 белки од јајца
  • 1,5 лажички чили во прав
  • 1,5 лажички ким
  • 1,5 лажички буковец
  • 2 лажички оригано
  • 1,5 лажички сол
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

1. Најпрво излупете ги компирите и исечете ги како помфрит, а рерната загрејте ја на 220 Целзиусови степени. 2. Во еден сад благо изматете ги белките, а во друг измешајте ги сите зачини. 3. Полијте ги компирите со белките.4. Потоа измешајте ги компирите заедно со зачините.5. Тавата намачкајте ја со маслиново масло и ставете ги компирите одозгора.6. Печете околу 40 минути, а повремено на 6-7 минути, промешувајте ги компирите за еднакво да се испечат од сите страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi