Домашна карамела

27 август, 20140
8

Потребни состојки:

  • 250 g кафеав шеќер
  • 330 g бел шеќер
  • 220 g путер
  • 200 ml пченкарен сируп, мед или шербет во размер шеќер 2 : 1 вода
  • 250 g слатка павлака
  • 130 ml полномасно млеко
  • 2 лажички екстракт од ванила

Подготовка:

Кафеавиот и белиот шеќер ставете ги во тенџере и додајте го путерот, шербетот, слатката павлака, млекото и ванилата.

Гответе на рингла, мешајќи повремено. За да видите дали е добро сварено ќе проверите со тоа што ќе ставите мала количина од сварената смеса во ладна вода. Ако се формира цврсто топче, значи дека е готово.

Разлејте ја смесата во плех, оставете ја целосно да се излади и со остар нож исечете ја на ситни коцки, како бонбони.

Може да уживате само во нив или да ги додадете во некој вкусен сладолед или во кафе како додаток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi