Леб што не се меси

7 април, 20140
11

Состојки:

500 гр брашно

1/2 свеж квасец

(20 гр) 1 кафена лажичка сол

300 мл вода

1/2 кафена лажичка шеќер
Подготовка:

1.Во пластичен сад се ставаат сите состојки. Со дрвена лажица се замешува неколку пати, додека сите состојки не се соединат. Најтешкиот дел од работата е завршен:)

2.Пластичниот сад го покриваме со крпа и го оставаме тестото да отстои од 10-12 часа. Доколку е премногу топло, тестото слободно ставете го во фрижидер.

3.По 12 часа тестото е спремно за печење. Уклучете ја рерната на 200°C и садот за печење (кој мора да има поклопец) ставете го добро да се загрее.

4.Забелешка: Италијанците овој леб го викаат чабата. Може да ви послужи за правење на вкусни брускети.

5.Кога садот е загреан, лебот се префрлува во него и се пече 30 минути на 200°C со поклопец и уште 15 минути откриено.

6.Лебот треба да се лади минимум еден час за да биде крцкав и лесен за варење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *