Највкусната чоколадна торта со крем сир

17 март, 20141
14

Состојки

-250 гр. путер
-50 гр. какао
-400 гр. шеќер
-250 мл. темно пиво
-100 мл. павлака
-300 гр. брашно
-2 јајца
-1 лажица екстракт од ванила
-2-3 лажици сода бикербона

• ГЛАЗУРА:
-350 гр. АБЦ крем сир
-150 гр. шеќер во прав
-150 мл. хопла

Подготовка

Најпрво пивото малку загрејте го. На загреаното пиво додадете го путерот и мешајте додека не се стопи. Потоа јајцата изработете ги со шеќерот, додајте ја павлаката, екстрактот од ванила и помешајте ја оваа смеса со смесата од пиво и путер. На соединетата смеса додајте го брашното кое претходно ќе го промешате со сода бикербона и како.

Припремете округол калап за торта со димензии од 24 цм. ставете ја смесата и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 45 минути. По печењето, оставете ја смесата да се излади.

Додека смесата се лади, можете да почнете со припрема на глазурата така што хоплата, шеќерот во прав и крем сирот ќе ги изработите. Оваа смеса намачкајте ја врз претходно оладениот колач. Уживајте!

One comment

  • julijana

    19 март, 2014 at 10:06

    prekrasna

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi