Непечена торта: Мозаик

24 април, 20140
13

Состојки:
2 л млеко
6 пудинзи од ванила
1 филџан шеќер
1 маргарин
300 гр мелени бисквити
300 гр стопено чоколадо
300 гр мелени ореви
3 пакетчиња ресани
100 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Млекото се вари со пудинзите и шеќерот и се остава да се излади.

Маргаринот се бие со миксер и лажица по лажица се додава во изладениот пудинг.

Филот убаво се бие додека да стане пенест и се дели на 3 исти дела.

Во првиот дел од филот се ставаат мелените бисквити, во вториот дел се става стопеното чоколадо (се топи на пареа со 2 до 3 лажици масло) и во третиот дел од филот се ставаат мелените ореви.

Во правоаголна тава се става фолија и над неа се става првиот дел од филот, убаво се мазни и над него се става вториот дел од филот. Потоа се редат ресаните по целата површина на тортата и на нив се става третиот дел од филот.

Одозгора се става ренданото чоколадо па тортата се става во фрижидер да се замрзне и се послужува другиот ден.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi