Парен колач

10 ноември, 20140
10

Состојки

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици гриз
  • 1 пакетче прашок за пециво
  • 400 мл млеко (за преливање)
  • 150 г шеќер (за преливање)
  • 1 пакетче ванила (за преливање)

Подготовка

  1. Матење на белката со шеќерот Во сад, со помош на миксер, изматете ги белките заедно со шеќерот се додека не добиете црвст шлаг.
  2. Додавање на жолчка во смесата Постепено додавајте ги жолчките, притоа константно мешајќи со миксер.
  3. Додавање на брашно во смесата Измешајте го брашното со гризот и прашокот за пециво и додадете го во смесата. Мешајте со силиконска лажица се додека сместа не стане хомогена.
  4. Истурање на смесата во плех за печење Тавата за печење намачкајте ја со маргарин или путер и смесата истурете ја во неа.
  5. Испечен парен колач Печете на 180 степени, во загреана рерна, околу 15 до 20 минути. Проверете со чечкалица дали колачот е испечен.
  6. Истурање на млекот врз ладниот колач Сварете го млекото, додадете шеќерот и ванилата и со постојано мешање, варете околу 10 минути. Смесата за попарување истурете ја врз оладениот колач (но истурајте внимателно бидејќи површината на колачот е нежна).
  7. Парен колач Оставете колач да се олади, исечете го на коцки, наросете малку ореви и сервијате го. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi