Сочни палачинки со банани
27 јули, 20140
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 180гр брашно
* 250мл млеко
* 1 лажица кисело млеко
* 4 јајца
* пакетче ванила
* 40гр путер
* 2 банани
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги матиме јајцата, постепено додавајќи од млекото и брашното, додека да добиеме густа каша. Ги додаваме киселото млеко и ванилата.
- Во загреана тава, намачкана со масло додаваме од кашата,откако малку ќе се испржи додаваме од исечените банани и превртуваме да се испржи и другата страна.