Вкусно и здраво домашно чоколадо, без адитиви, за само 15 минути
3 февруари, 20140
Состојки:
100 гр путер
100 гр какао
6-8 лажици шеќер
100-150 мл млеко
Силиконски калап
Путерот се топи на пареа. Кога ќе се стопи, се трга на страна.
Во друг сад додадете млеко, загрејте го, додадете шеќер, какао и измешајте за да не се направат грутчиња.
Додадете го путерот и мешајте се додека смесата зоврие. Се вари 2-3 минути. Смесата треба да биде малку погуста од јогурт. Ако вашата смеса е многу густа, додадете врела вода или млеко.
Исипете ја смесата во калап. Чоколадото треба да отстои неколку часа во фрижидер.