Каде се парите од дрогата? Каде се оние 27 милиарди долари на Шариќ?

21 март, 20140
16

Имотот на нарко босот Дарко Шариќ според Форбс се проценува на 27 милиарди долари, но Србија и Обвинителството за организиран криминал тешко ќе можат да им влезат во трага на поголемиот дел од тие пари, сметаат економските експерти.

Освен обвинението за шверц на 5,7 тони кокаин, обвинителството ќе го терети Шариќ за перење на 22 милиони евра во Србија.

Меѓутоа според Форбс ова е само мал дел од капиталот што овој нарко бос го стекнал бидејќи веќе се знае дека Дарко е петти на листата најбогати мафијаши на светско ниво. Познато е дека Шариќ работел во Србија, Црна гора, Словенија, Чешка, САД, Бразил, Урагвај, Италија…

Доколку Шариќ биде осуден за делата со кои го теретат, целиот имот ќе биде одземен и продаден на аукција.

Парите ќе одат во државниот буџет ако не се докаже потекло на парите.

Никој не може со бројки да изрази колку државата изгубила со бизнисите кои Шариќ ги правел на наша територија. Тоа е невозможно, пред се бидејќи тој купувал фирми на тендери и плаќал толку колку што побарала државата. Друга работа е што подоцна тие фирми биле уништени – дополнува изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi