Кој верува: Пристигнува петок 13ти и незгоди

12 јуни, 20140
1

Оваа седмица не очекува петок 13ти кој доаѓа во комбинација со полна Месечина и ќе ни донесе многу незгоди, велат астролозите. Тие предупредуваат дека поради оваа баксузна комбинација, овој петок не влегувајте во претерани полемики со луѓето бидејќи ќе дојде до конфликт, да внимавате на работното место и додека возите.
Овој петок Месечината ќе биде во Стрелец што значи дека сите ќе бидеме премногу оптимистични и пречувствителни. Ќе сонуваме да добиеме премија на лото, но секако нема ни да отидеме да уплатиме ливче, а потоа во весник ќе прочитаме дека некој друг добил седмица. Ќе бидеме вистински баксузи – велат астролозите.
Меѓутоа тоа ќе ни биде најмал проблем. Астролозите објаснуваат дека ќе немаме среќа со ништо, а освен тоа по цел ден ќе се караме со другите.
Ретроградната полна Месечина на сите ќе им направи проблем. Без разлика дали верувате во астрологија или не, бројни научници и доктори тврдат дека полната Месечина секако влијае на душевната состојба, само што за тоа не сме свесни. Се верува дека полната Месечина предизвикува голема агресија во човекот, па дури и во душевните болници имаат посебна подготовка за денот на полна Месечина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi