Обама избрал геј спортисти за олимпијадата во Сочи!

8 февруари, 20140
Barack-and-Michelle-Obama-001

„Не би можел да речам дека нашиот однос е студен”, рече Обама во интервју со водителот на американската телевизиска мрежа NBC, Бобо Костас, како дел од разговорот посветен на Зимските Олимписки игри во Сочи.

obama

„Таков е неговиот стил да ‘потоне’ во столица и да изгледа како да се досадува на снимките од билатералните средби и имам чувство дека тоа е поради навиката да остави впечаток на ‘жестоко момче'”, вели Обама во интервјуто за кое е најавено дека ќе се емитува подоцна во петок.

„Американските политичари имаат друг стил, ние настојуваме повеќе да се смешкаме”, додава Обама во интервјуто, пренесува Reuters.

Обама истакнува дека на средбите со Путин најчесто разговараат за прашања за кои се заинтересирани двете земји.

„Вистина е дека тогаш разменуваме мислења, често има и многу хумор но и двајцата многу даваме и се разбира многу добиваме”, вели Обама.

Во однос на Олимписките игри, Обама додал дека Вашингтон прави сé што може да помогне спортистите во Сочи да се чувствуваат безбедно.

„Ние сме во постојана комуникација со Русија, и на ниво на органите на редот и на воено и на ниво на разменување на информации”, наведува американскиот претседател.

Обама истакнува дека тој лично избрал неколку декласирани геј спортисти за олимпискиот тим на САД на денешното отворање, со цел да покаже дека САД нема никого да дискриминира ниту во спортот ниту каде и да е .

„Една од најубавите работи на игрите е тоа што натпреварувачите се вреднуваат според заслугите, според тоа колку се добри без оглед на тоа од каде доаѓаат, како изгледаат, кого сакаат и мислам дека тоа е во духот на олимписмот”, рекол Обама.

Заменик премиерот на Русија, Димитриј Козак, ги предупреди претходно гледачите и натпреварувачите во Сочи дека промовирањето на правата на геј популацијата за време на спортскиот настан е забрането.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi