Промоција на книгата за Тоше Проески на денот на неговиот роденден

20 јануари, 20140
5

Оваа година би наполнал 33 години. На неговиот роденден 25 Јануари ќе биде промовирана книгата “Ова не е крај“ посветена на нашиот ангел и нашата ненадмината музичка легенда.

Во книгата на позната новинарка Соња Неделковска има интервјуа на повеќе од 80 соговорници, а спомени за Тоше споделиле и членовите на неговото семејство – сестрата Дора, зетот Славен, и внукот Кристијан. За интересните детали од детството на Тоше зборуваат неговите другари од Крушево. Пред читателите ќе бидат претставени сите сегменти од животот на вечното момче, првите настапи, првата отпеана песна. Бројни музичари, продуценти, текстописци, новинари, раскажуваат за тоа како се развивал неговиот професионален пат и како ангелот го освои Балканот.

Во книгата ќе се најдат и фотографии од неговиот приватен албум. Фондацијата Тоше Проески е издавач на книгата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi