Брајан Сингер режисерот на „X-MEN“ обвинет за сексуално злоставување на малолетно момче!

17 април, 20140
BryanSingerExcalibur_0

„Обвинетиот Брајан Сингер ја искористи својата моќ, богатство и позиција во индустријата во сексуално злоставување на малолетник, искористувајќи дрога, алкохол и закани, што резултираше со психолошко и емоционално страдање на жртвата”, пишува во документите.

Тужителот, Мајкл Еган, вели дека злоставувањето започнало во 1998-ма на „лудите забави” во куќа во Калифорнија, каде живееле неговите пријатели Скот и Чад Шекли. На овие забави биле поканети повеќе малолетници кои консумирале дрога и алкохол, а чести гости биле Брајан Сингер и Марк Колинс-Ректор (поранешен директор на Digital Entertainment Network и регистриран во базата на сексуални злоставувачи). На забавите момчињата се впуштале во сексуален однос со возрасните гости од индустријата.

Мајкл Еган тврди дека на една од забавите Сингер (48) му дал дрога и алкохол и „анално го силувал и принудил на орален секс”. Еган, кој се изјаснил како хетеросексуалец, бара оштета за претрпен емоционален стрес, напад и нарушување на приватност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi