Даниел Кајмакоски доколку беше во Америка , Австралија или Британија ќе беше милионер! (видео)
Вака набројано изгледа дека добил премногу и дека треба да биде презадоволен, бидејќи на овие простори некој не добил ни толку. Така сакаме да се тешиме, додека не ги отвориме очите подобро и не се информираме за наградите на истото шоу „Х-фактор” во другите земји.
Верувале или не, ако победеше Даниел во Америка, сега би бил милионер!
Американски „Х-фактор”
Во првите две сезони паричната награда изнесувала дури 5 милиони долари, додека претходната сезона била намалена на 1 милион. Освен поголемата парична награда, победникот добива и договор за снимање албум и неколку спотови.
httpv://www.youtube.com/watch?v=oVkevFxNH8o
Австралиски „Х-фактор”
Според правилата на натпреварување, победникот на австралискиот „Х-фактор” добива награда во износ од 330.000 долари.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CBL1Mh6Pw-4
Британски „Х-фактор”
Во Велика Британија вкупниот награден фонд изнесува околу 1,7 милиони долари, со тоа што победникот добива 250.000 долари како парична награда, а останатите пари се наменети за снимање албум.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7JzyweY5xL0
„Х-фактор Адриа”
Победникот на првата сезона, добива договор за снимање албум, два спота, 10.000 евра и автомобил.
httpv://www.youtube.com/watch?v=sRraZN5rdjM