Кои се најпримамливите жени според хороскопскиот знак? На кои од нив нема да одолееш?

5 септември, 20150
5

Елемент Оган: Овен, Лав, Стрелец. Овие огнени жени ако треба да ги опишеме само со еден збор тоа ќе биде – пеколна страст!

Овен! – Топло чоколадо! Сексапилна и неодолива, таа треба постојано да биде под притисок, за да не изгуби интерес. Таа не е десерт за било кој! Таа е за вистински центители, префинети мажи кои ќе го препознаат нејзиниот вкус, емоциите и силните чувства.

Лав – Карамела! За да уживаш во неповторливиот вкус на карамелата, треба да имаш трпение за подготовката на овој десерт. Да делуваш внимателно, фино, ни премногу брзо, ни премногу бавно. Ако ги изиграш картите правилно, ќе имаш не само божествен вкус во устата, но и најпрекрасниот украс во животот.

Стрелец – Аеро чоколадо! Овој вкус може да се спореди само со вкусот на шампањот. Нешто кое создава празнично чувство во сивото секојдневие. Тоа носи порака за бурен темперамент, сјај, гламур, но и знае како да ги милува сите твои сетила, се додека не станеш зависен од префинетиот вкус.

Елемент Земја: Бик, Девица, Јарец. Земјените дами припаѓаат во групата десерти со доза изненадување. Мислиш дека вкусот е познат, но кога ќе пробаш, откриваш една многу интересна комбинација, од која тешко подоцна ќе се откажеш.

Бик – Чоколадо со кокос! Цврст десерт кој не можеш да го изедеш така лесно. Те возбудува таа недостапност, и тој предизвик со божествен вкус. Но внимавајте со оваа жена, таа може да ве стопи од уживање и да ве скрши како кристална чаша.

Девица – Чоколадо со крем од ореви!  Нежна, опоен мирис, кој бавно но дефинитивно ги паразилизира сетилата. Не постои начин да се ослободиш од мислите за неа, штом еднаш го пробаш овој совршен вкус, ќе ти се врти постојано низ главата и набрзо ќе биде твојот омилен десерт, нешто што се разликува од се претходно што си вкусил во животот.Ако некогаш посакаш да вкусиш нешто друго, заборави на твоето чоколадо со крем од ореви. Тоа повеќе не е за тебе!

Јарец – Чоколадо со рум! Овие бонбони не се за мали момчиња! Тие се создадени за зрели, стабилни мажи, мажи со иднина и мажи кои знаат како да се носат со силна жена до себе си, жена Јарец. Таа е луксузна, таа има традиционален вкус, но ако те опијани, тоа ќе ти биде за цел живот.

Елемент Воздух: Близнаци, Вага, Водолија. Воздушните дами припаѓаат во групата флерт-десерт. Тие се магични, неодоливи, примамливи. Секогаш треба да им покажуваш дека уживаш во секој залак и при тоа да го правиш тоа префинето и со стил.

Близнаци – Бонбони Рафаело! На прв поглед изгледа како лајт десерт, но откако ќе пробаш сваќаш дека не е така. Атрактивната надворешност,  цврстиот внатрешен дел и на крај неверојатното меко срце внатре. Апсолутен извор на разнообразие и страст. И таа самата има потреба од нагли промени и страст. Кој ќе успее да го вкуси внатрешното меко срце, под тврдите маски, тој нема да ја заборави оваа жена никогаш!

Вага – Јагода и чоколадо! Дури и да не ти се јаде благо, не можеш да одолееш. Таа е толку примамлива, слатка, миризлива. Првиот гриз е секогаш боженствен, но после тоа ќе почувствуваш и кисел вкус односно нејзините високи очекувања кон мажите. Но сепак, тоа нема да ја намали убавината на овој префинет десерт. А мажот со задоволство ќе направи се што треба, само и само да ја вкуси повторно.

Водолија – Бајадера! Таа е различна, истовремено моќна и слаба, ранлива и цврста. Таа умее да те засити , но набрзо после тоа да молиш за уште. И колку што е вкусна, толку брзо се топи и исчезнува. За да се радуваш секој ден на овој фантастичен вкус, ќе ти треба огромна доза оргиналност и трпение. И да ја јадеш бавно…

Елемент Вода: Рак, Шкорпија, Риби. Тому пред да ги пробаш, ќе ти се лизнат низ прсти. Затоа биди внимателен, но и брз ако сакаш да го почувствуваш нивниот заразен вкус.

Рак – Мармалад! Тој не може да се јаде туку така. Ти треба и парче леб, а зошто не и малку путер? Така и дамите од знакот на Рак се нежни, ранливи, имаат потреба од подршка и сигурност, за да го изразат својот префинет вкус. И внимавајте, ако почесто го јадете можеби прстите ќе ви се залепат засекогаш на теглата. Ќе станете зависни и ви нема спас…

Шкорпија – Желе! Чуден , необичен десерт. Тој те гали од почеток до крај со својот деликатен вкус, но од него може јако да те заболи стомак. Затоа со дамите Шкорпии треба многу да се внимава. Кај нив секогаш постојат две крајности – или се меки и слатки, или носат силна болка.

Риби – Сладолед! Најомилениот десерт. Кој понекогаш води до тотална зависност. Започнуваш и не можеш да престанеш. Овие дами секогаш ќе бидат едни од најпосакуваните. Зошто привлекуваат не само со изглед, туку и со фантастичниот вкус и мирис. Но ако гризете јако, ќе ви замрзнат забите. Затоа бидете со нив нежни и внимателни. Сладолед се лиже, не се гризе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi