Вашата врска има зодијачки знак

23 февруари, 20141
42

Дали знаевте дека периодот кога сте ја започнале вашата љубовна врска може да влијае на вашиот однос? Така, на пример, врските започнати во пролет, за време на владеењето на Бикот ќе бидат цврсти и стабилни – исто како и тие кои започнале во време кога сонцето се наоѓало во Шкорпија.

ОВЕН

На двојките кои врската ја започнале за време на владеењето на Овен никогаш нема да им биде здодевно. Помеѓу нив секогаш постојат искри, а сите недоразбирања ефикасно се решаваат во спалната соба. Другите двојки се стекнуваат со впечаток дека се на „ивица“ од прекин на врската, но нивната врска е доволно цврста за да ги прживее сите недоразбирања. Помеќу овие партнери нема невистини, а всушност искреноста е еден од темелите на кои ја градат својата цврста врска.

БИК

Двојките кои ја започнале својата врска за време на владеењето на знакот Бик имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно се соочуваат со сите проблеми, а партнерите еден во друг пронаоѓаат подршка и поткрепа. На оваа врска никогаш нема да и недостасува нежност и страст. Единствена опасност може да преставува фактот дека партнерите целосно се преуштаат на заедничките уживања, па ги занемаруваат останатите блиски луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Двојките кои ја започнале врската за време на владеење на знакот Близнаци, пред се се добри пријатели и одлични животни сопатници. Секогаш се расположени за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација, па отсуството на посесивност и љубомораа е уште една од предностите на овие врски. Негативната страна на оваа врска е тоа што партнерите премногу вложуваат во друштвениот живот, па со време би можеле да престанат да разменуваат нежност, а нивниот однос да премине во пријателски.

РАК

Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романтика, а партнерите нема да можат долго да бидат разделени. На нив никогаш нема да им недостига нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца. Лоша страна е преголемата посветеност бидејќи партнерите не сакат да одат никаде еден без друг

ЛАВ

Врската започната во знакот на Лав ќе биде полна со драми и страсти. Партнерите во еден момент жестоко ќе се расправаат, за веќе во следниот момент страствено се смируваат во спалната соба. Романтичните изливи на емоции се вообичаена појава. Овие двојки настојуваат пред другите да се претстават во најдобро светло, дури  и кога помеѓу нив постојат несогласувања.

ДЕВИЦА

Врската која започнала за време на владеењето на овој знак ќе се карактеризира со стабилност и трајност. Заедничката желба за сигурност на партнерите цврсто ќе ги држи заедно, а искрената и отворена комуникација, отсуството на жестоки расправии се само некои од предностите на овие врски. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, на оваа врска може да и недостига страст, бидејќи партнерите не се склони кон отворено изразување на емоциите.

ВАГА

Во оваа врска се се врти околу љубовта – партнерите уживаат во размена на нежности, внимание и подароци, па секогаш внимаваат на чувствата и желбите на другиот. Тие се заљубени, а заедничките романтични вечери и излегувања им помагаат во одржувањето на страста. Овие луѓе нема лесно да се впуштат во расправија, па единствен проблем би можело да биде недостатокот на искреност и потиснување на фрустрацијата.

ШКОРПИЈА

Ова е страсна и возбудлива врска во има изобилство од емоции. Од моментот кога се запознале, двајцата чувствуваат силна сексуална привлечност, која ќе биде главен фактор за опстанокот на овие врски. Сепак, чести расправии, љубоморни сцени и инциденти на посесивност на крајот би можеле да доведе до прекин врската, ако двајцата партнери не покажуваат повеќе толеранција.

СТРЕЛЕЦ

Врската што започнала во времето на владеењето на ведриот Стрелец е базирана пред се врз взаемно почитување и разбирање. Партнерите не се оптоварени со љубомора и сомневање, а и не се еден од оние парови кои одат насекаде заедно. Лична слобода и независност се секако еден од најважните елементи на оваа врска.

ЈАРЕЦ

Овој однос не може да изобилува со нежност, топлина и романтични гестови, но е стабилна и дава чувство на сигурност на партнерите. Тие се почитуваат едни со други и никогаш не се прибегне кон расправии, емоционални уцени и манипулации. Сите проблеми лесно и брзо ги решаваат. И двајцата ги ценат парите и безбедноста кои тие ги обезбедуваат. Сепак, тоа треба да поработат повеќе на нежната страна од врската за да не се изгуби блискоста.

ВОДОЛИЈА

Оваа е интересна и малку необична. Можеби, на прв поглед, овие се луѓе кои не се совпаѓаат со едни со други, но, во суштина, се совршен пар. Отсуство на љубомора и посесивност е одлична подлога за воспоставување на стабилни односи. Врската може долго да трае долоклу партнерите меѓусебно не се “потиснати”.

РИБА

Ако сте нежни, романтични и постојано барате изливи на нежност, ова е одлична врска за вас. Голема љубов, нежноста која партнери ја чувствуваат еден за друг е гаранција за успех. Оваа врска е исполнета со емоции, па дури и да се прават повремени драми, но во основа двајцата партнери се грижи за својот сакан и тоа нема да биде тешко повремено да се”жртвуваат” во име на љубовта.

One comment

  • Blagoja

    18 јули, 2014 at 20:49

    31-08-1963 / 09,15 h Prilep
    24-02-72 P rilep

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi