Направи си сама: Стилски летен топ

5 јули, 20140
Направи си сама: Стилски летен топ

Ако модата ви е страст, и тоа таква страст, што сакате не само да комбинирате гардероба и додатоци, но и да создадете такви, значи имаме нешто за вас! Имаме одлична идеја како да си направите летен топ сами.

За да влезете во улогата на моден креатор, ќе ви бидат потребни: материјал соодветен за летото, ножици, шпенагли, креда, ластик, машина за шиење и… видеото што сме ви го подготвиле.

Сами ќе се убедите дека задачата не е воопшто комплицирана, но затоа пак се добива многу ефектен модел. Интересно кај него се орнаментите што паѓаат. Тие може да бидат од истиот материјал, кој ќе го користите за главниот дел на топот или пак од друг, кој ќе има уште посилен акцент.

Моделот е одличен како за кратки панталони, здолниште или фармерки, така и за поофицијална облека!

Па, ќе се пуштите ли во авантура?

httpv://www.youtube.com/watch?v=4MPnUhI8c-Q

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi