Тренди модни комбинации за есен 2014
2 ноември, 20140
Сигурни сме дека секојдневно се соочувате со „проблем“ од типот „пак немам ништо за облекување“ иако претходната недела сте биле во шопинг.
Решивме на едно место да собереме модни стилски предлози од омилените трендсетерки – од Оливија Палермо, Кејти Холмс и Алекса Чунг па се до Ријана, Кејт Мидлтон и Кристен Стјуарт.
Нови начини како да ги комбинирате старите парчиња во вашиот плакар, но и свежи идеи како да ги носите последните трендови.