Домашни лекови против опаѓање на косата

7 декември, 20140
13

1.    Кокосово млеко. Во Тајланд и на Филипините употребата на кокосовото млеко е традиционален народен лек против опаѓање на косата. Околу половина чаша кокосово млеко се нанесува на скалпот и се остава да делува околу 30 минути. Главата ја покривате со крпа за да се отворат порите. На крај ќе ја исплакнете косата со некој благ шампон.

2.    Есенцијално масло од рузмарин. Маслото од рузмарин се користи во ајурведската медицина против опаѓање на косата. Три лажички од ова масло го мешате со 6 лажички маслиново масло или масло од авокадо. Смесата се нанесува на скалпот и се остава 20-25 минути да отстои со покриена глава. Се плакне со благ шампон.

3.    Црн пипер и сок од лимон. И двете состојки се дел од традиционалната народна медицина кои се користат за растење на косата. Две лажици црн пипер се мешаат со ¼ чаша лимонов сок во процесор додека да се создаде фина паста. Се нанесува на скалпот и се остава да делува 45 минути со покриена глава. Се мие со ладна вода и благ шампон.

4.    Мед.

-измешате пола филџан маслиново масло, една лажица природен мед и една лажица мелен цимет во процесор и направете паста. Нанесете со масажа на скалпот и оставете 15-20 минути со покриена глава. Исплакнете и повторете 3-4 пати неделно.

-Измешајте една лажица мед со една чашка ракија и сок од една главица кромид. Нанесете ја смесата на скалпот, секоја вечер, оставете да делува преку ноќта а исплакнете изутрина.

-1/4 чаша сок од кромид со природен мед, измешајте и масирајте го скалпот секоја ноќ.

-масирајте го скалпот и косата со мед и жолчка од јајце. Оставете 30 минути а потоа исплакнете. Овој лек помага и за сува коса.

5.  Сок од пиреј. Сокот од пиреј или сокот од Алое Вера имаат    најпознато ефективно лековито дејство против опаѓање на косата.  По масажата на скалпот, се мие косата со млака вода. Ова може да се прави два пати неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi