Одела редовно на солариум! Погледнете што и се случило!

26 август, 20140
1
Со децении одела редовно на солариум убедена дека луѓето и љубоморат на нејзиниот тен. Погледнете што и се случило.

 

Џо Ирвинг (32), стујардеса од Блекпул, Велика Британија, почнала интензивно да оди во солариум кога имала само 14 години и одела пет пати неделно!

Кога останала трудна, и понатаму продолжила со праксата на користење на солариум, затоа што во меѓувреме развила тенорексија (зависност од солариум).

Пред четири години прв пат приметила некоја бела маса на носот, но решила да ја игнорира. Тоа траело со години, а тогаш почнала да крвари и никако не можела да зарасте. Таа и покрај тоа, чекала седум месеци пред да се обрати кај доктор.

Таа вели дека не би се обратила ни понатаму да не бил нејзиното момче. Докторот и рекол дека не би требало да биде нешто опасно, но и понатаму да ја следи и да се јави доколку има нови промени.

Таа мислела дека нема причина за грижа, но сепак побарала и друго мислење кај доктор и тој и кажал дека има рак на кожата. Таа била итно оперирана, а делот кој бил скинат од кожата на носот бил заменет со кожата од ушите. Денес е потполно здрава и вели дека на ракот не гледа како на трагедија туку како на повик за будење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi