Успешно лекување на кандида со масло од кокос

13 април, 20140
7

Еве уште еден одличен третман кој значително ќе ја подобри борбата против упорната кандида. Освен тоа во оваа статија ќе ги дознаете и останатите придобивки од ова скапоцено масло кое денес е лесно достапно и кај нас. Напомена: Користете само 100% ладно цедено и органско масло од кокос, кое изгледа како путер. Го има речиси во сите поголеми маркети.

Кокосовото масло е често опишувано како најздравото масло на земјата. Но ова тврдење не било отсекогаш такво. Со години ова масло имаше лоша репутација поради високиот процент на заситени масти.

Денес се знае дека кокосовото масло се разликува од повеќето познати масла, и дека всушност е многу корисно за здравјето.

Како кокосовото масло се стекна со лоша репутација?

Заситените масла го подигаат нивото на холестеролот а со тоа предизвикуваат срцеви заболувања. Посебната студија која беше спроведена пред 40 години, за кокосовото масло, само ја потврди оваа констатација. Но важниот момент што оваа студија го превидела е фактот што истражувањата биле направени врз хидрогенизирано кокосово масло, а не врз ладно цедено.

Кокосовото масло се користи во Азија и Пацификот со илјадници години и како храна и како лек.

Во тропските клими како што се Полинезија, Шри Ланка и Јукатан, луѓето кои се хранат со кокос се многу поздрави, имаат помалку срцеви заболувања, карциноми и проблеми со дебелото црево. Денес е општоприфатено дека постои добар холестерол и добри заситени масти.

Здравствени придобивки од ладно цедено кокосово масло:

-Придонесува за правилна функција на ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА. Истражувањата покажаа дека кокосовото масло содржи масни киселини кои го стимулираат метаболизмот и даваат повеќе енергија.

-Помага во лекување на КАНДИДА и други габични инфекции. Кокосовото масло содржи каприлинска киселина која има функција да ја уништува вишокот кандида во организмот.

-Го намалува ХОЛЕСТЕРОЛОТ. Маслото е богато со лауринска киселина која го штити срцето преку намалување на вкупниот холестерол и зголемување на добриот холестерол.

-Ја регулира ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА. Здравите масни киселини не циркулираат низ крвотокот како другите масти, туку се испраќаат директно во црниот дроб каде се претвораат во енергија. Така телото овие масти не ги складира туку веднаш ги користи за производство на енергија.

-Ја подобрува состојбата кај ДИЈАБЕТИЧАРИ. Кокосовото масло не предизвикува инсулински скокови во крвотокот. Наместо тоа, помага при регулацијата на шеќерот со подобрување на секрецијата на инсулинот.

-Го намалува ризикот од СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА. Неколку истражувања што биле направени врз луѓето што живеат на Пацификот, укажуваат на фактот дека нивната исхраната составена од 30-60% кокос, допринесува за речиси непостоечка стапка од кардиоваскуларни заболувања.

-Содржи лауринска киселина 50% (како во мајчиното млеко), дејствува антибактериско, антивирусно и антигабично. Го подобрува имунолошкиот систем.

-Ја подмладува и ја храни КОЖАТА. Кога се применува надворешно, обликува заштитен антибактериски слој и го забрзува заздравувањето на модринките и регенерирањето на повреденото ткиво.

 

-Го негува мозокот со подобрување на когнитивната функција, дава енергија и помага кај хроничен замор.

Успешен домашен третман против кандида ќе најдете ОВДЕ

Уште една полезна информација во врска со оваа болест: Тест за кандида

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi