Дали знаете кој е овој автомобил?

23 јануари, 20150
29
Неговата должина изнесува речиси седум метра, широчината е неполни три метра и има дури шест тркала, а специјално е направен за едно филмско остварување и за еден исклучително познат јунак. Дали знаете за кој автомобил станува збор?

Иако за жал ова не е приказна за некој престижен и уникатен примерок на некој познат светски производител на автомобили, кој е дури неодамна пронајден откако бил заборавен од сите… не, ова е автомобил кој има далеку “пообични” корени и кој настанал врз основа на шасијата на Land Rover противпожарно возило, има каросерија од фибер-стакло, а го придвижува Rover V8 бензински мотор.


И покрај, неговото не баш кралско потекло, овој автомобил прилично се прослави во едно филмско остварување, за кое всушност и беше направен, иако самиот филм и не доживеа некој особен успех, и покрај престижната актерска екипа и навистина големиот буџет.

Се работи за таканаречениот “Nautilus Car”, односно превозното сретство на капетанот Немо, од филмот “The League of Extraordinary Gentlemen”, вистински џин, кој е долг дури 6.7 метра, а неговата широчина изнесува нешто помалку од 3 метра.


Автомобилот поседува шест тркала, секој со пречник од дури 28 инча, а своевремено бил изработен во два примерока за потребите на снимањето на овој филм, од кои овој во потполност бил и функционален, додека другиот бил прилагоден за сцени на снимањето.

Според зборовите на оние кои го возеле, автомобилот достигнува до околу 150 километра на час, а во кривини се однесува сосема добро, особено имајќи предвид од што настанал самиот автомобил.

До сега веќе беше главна атракција на саемите за тјунирани автомобили, пред сè на оној во Есен, но и во Лондон.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi