Пред да го продадете телефонот, задолжително направете го ова

11 мај, 20150
2

Го продадовте мобилниот и оттогаш започнаа да се случуваат чудни нешта. Ви стигнуваат сметки иако ништо не сте купиле, вашите пријатели добиваат пораки и мејлови што не сте ги пратиле, или најлошо, вашите приватни фотографии се нашле на Интернет. За да не се случи сево ова, потребно е пред да го продадете телефонот, да преземете одредени мерки на претпазливост.

Суштината е во тоа да ги избришете сите податоци од меморијата, било да се работи за смартфон, таблет или компјутер. Телефоните зачувуваат многу приватни податоци, меѓу кои и чувствителни лозинки за пристап до вашиот и-мејл, адресите на вашите пријатели, нивните телефонски броеви, вашата адреса на живеење итн. Ако станува збор за службен телефон, веројатно содржи уште повеќе важни информации.

Проблемот е во тоа што оперативните системи на телефоните обично немаат опција за потполно бришење на податоците. Обичното „delete“ значи дека податокот е навидум избришан од меморијата, кога всушност само е прогласен за слободен простор во кој може да се смести нов податок. Корисникот не може да биде сигурен дали врз стариот податок е впишана нова содржина, а се додека тоа не се случи, постојат софтверски програми што можат да го вратат пристапот до него.

За да бидете сигурни дека сите податоци се избришани, меморијата треба да се исчисти повеќекратно. За оваа намена постојат и бесплатни, и платени програми кои можат да се преземат од онлајн продавниците за апликации.

Постои и „направи сам“ метод. Прво што треба да го направите е да го ресетирате телефонот на фабричките подесувања. Втор чекор е да ја вклучите камерата и да снимате нешто неважно, како на пример белиот ѕид, се додека видеото не ја зафати целата меморија, така бришејќи ги сите стари податоци што можеби останале зачувани во позадината.

Се разбира, најефикасен метод е физичкото уништување на хард дискот или меморискиот чип, што во зависност од важноста на податоците што сакате да ги заштитите, може да се покаже и како исплатливо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi