Брз психолошки тест

5 март, 20150
9
Херман Роршах бил прочуен швајцарски психијатар и психоаналитичар, креатор на еден од најпознатите тестови за дијагноза на личноста, кој го носи неговото име – Роршахов тест.

Комплетниот тест се состои од десет дамки недефиниран облик направени од истурено масло.

01-slika-psihologia-54ia016356158gth5

Пациентот би требало на свој начин да ја толкува сликата и да ги објасни првите асоцијации, а токму тоа е клучот на овој тест во потсвесното размислување на пациентот кое ја открива неговата емотивна и психичка состојба.

Погледнете ја добро оваа слика и објаснете што гледате на неа.

Решение:

Ако гледате двајца луѓе

Во каква врска се луѓето кои ги гледате на сликата? Решението лежи во вашиот фокус. Оваа слика исто така крие и сексуална конотација, па не би било чудно кај вас да поттикне такви мисли. Доколку главниот фокус е токму на сексот, веројатно потсвесно сте оптоварени со него.

Некој го набљудува својот одраз во огледало

Личноста која се набљудува во огледало сте всушност вие самите. Какви чувства поттикнува таа слика? Дали гледате многу крв? Крвта е поврзана со агресија и негативни емоции. Чувствата на личноста која се набљудува себе си во огледало се всушност вашите емоции кои ги имате кон себе си.

Куче

Какви чувства негувате кон кучиња? Кучето симболично го претставува вашето внатрешно битие, но и стравови. Доколку имате негативни емоции, можеби имате некои прикриени стравови и стресови со кои би требало да се сооочите.

Слон

Слоновите симболично претставуваат интелегенција и самодоверба. Какви чувства буди слонот во вас? Позитивни или негативни? Оваа слика го оддава она што го мислите за себе.

Мечка

Ако гледате ранета крвава мечка, веројатно длабоко во себе носите прикриени емоции на тага. Овие личности се многу чувствителни, со благ темперамент и лековерни.

Две личности се молат

Бидејќи овој цртеж поседува и сексуална конотација, кај вас очигледно е тесно поврзана со самиот контекст на религија. Доколку гледате и крв, веројатно религијата ја доживувате низ пожртвуваност и патење. Исто така, при животни кризи во голема мера се потпирате на молитви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi