Никогаш не се потсмевај на туѓата несреќа…

27 септември, 20150
7

Млад студент шетал и разговарал со својот професор. Шетајќи покрај патот забележале пар стари чевли кои судејќи по се припаѓале на сиромашниот селанец кој во близина работел во полето. Студентот му предложил на професорот:

“Ајде да се пошегуваме со селанецот. Ќе му ги скриеме чевлите, а потоа ќе се скриеме зад грмушките за да ги гледаме неговите реакции додека ги бара.“

Професорот одговорил:

“Младо момче, немој никогаш да се шегуваш на туѓа сметка, особено не на туѓата несреќа. Бидејќи си богат, можеш да си дозволиш поголемо задоволство од овој сиромав човек. Стави по една златна паричка во неговите чевли, а потоа ќе се скриеме и ќе ги гледаме неговите реакции.“

Студентот тоа и го направил. Селанецот завршил со својата работа и се приближил до местото каде биле оставени неговото палто и чевлите. Кога се обидувал да ги облече чевлите почувствувал дека има нешто внатре. Прво помислил дека е камче, но кога подобро погледнал, видел златна паричка.

Целиот збунет, погледнал околу себе, но не видел никого. Ја ставил паричката во џеб, а неговото изненадување било уште поголемо кога нашол уште една паричка во чевлите. Наеднаш го совладале емоции. Се фрлил на колена, ја подигнал главата кон небото и гласно почнал да се моли во знак на благодарност. Во молитвата ја спомнал својата болна и безпомошна сопруга и своите деца без леб, а благодарение на дарежливата невидлива рака која му ги оставила парите, тие ќе бидат спасени.

Студентот бил трогнат, со солзи во очите. Професорот го запрашал:

“Дали ќе беше посреќен ако наместо ова, ние се пошегувавме со човекот?“

Студентот одговорил:

“Научив лекција што никогаш нема да ја заборавам. Сега навистина ги разбирам овие зборови кои претходно не ги разбирав:

Благословен е оној што дарува, повеќе од оној што прима!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi