Пет ситници кои во вашиот дом носат НЕ(СРЕЌА)

14 мај, 20150
9

За дом без негативна енергија, избегнуватјте ги следните пет мали ситници кои носат лоша среќа:

1.Oгледало свртено кон креветот

Се верува дека огледалото кое е свртено кон креветот може да предизвика проблеми во врската, пуштајќи несакани влијанија од надвор во добриот и здрав брак.

2. Црна врата

Бојата на влезната врата најдобро се избира според тоа на која страна е свртена. Црна врата е дозволено само ако таа гледа кон север, во спротивно во вашиот дом ќе покани лоша среќа.

3. Растение со боцки

За острите, шилести предмети, исто така, се смета дека носат лоша среќа, па кактусот и не е толку препорачливо да се чува во домот.

4. Календар на погрешно место

Календарот закачен на влезната врата на домот е потсетник за минливоста на животот, и се смета дека така влијае на животниот век на станарите.

5. Слика со бродолом

Сликата со бродолом претставува немир, кој може да влијае врз однесувањето и енергијата на станарите.

За дом полн со позитивна енергија, внесете ги во него овие пет мали ситници за среќа:

1. Свежо цвеќе

Ако поставите свежо цвеќе на видно место во вашиот дом, среќата нема да ве промаши.

2. Врата во боја

Ако вратата гледа кон југ, обојте ја во црвена или во портокалова боја, ако гледа кон север, пак, треба да биде сина или црна. Кога е свртена кон запад, изберете сива или бела боја, доколку гледа кон исток, пак, ќе ви донесе среќа ако е во кафеава или зелена боја.

3. Распоредот на мебелот

Се верува дека на кружно поставениот мебел помага во протокот на енергија. Исто така, се верува дека креветот поставен дијагонално на вратата од спалната соба ќе го исполни домот со позитивна енергија.

4. Потковица

Многу култури веруваат дека потковица обесена над вратата носи среќа. Потковица поставена нагоре ќе осигура среќата да не исчезне, а ако е свртена надолу, ќе дава среќа на секој кој влегува низ таа врата.

5. Ловец на сонови

Стара индијанска мрежа, во која се фаќаат лошите соништа. Се поставува во спалната соба , за ловецот да ве штити додека спиете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi