Писмото кое го расплака светот!

4 август, 20151
14

Немам, што да правам, но морам да ти го кажам ова…

Јас  имав и сестра од 2 години  која заедно со родителите  загина во сообраќајна несреќа! Јас живеам со болна баба и брат од 5 години! Морам да готвам да перам немам време да излезам да си играм, мене никој  не ми доаѓа на родителска, веќе немам кому да му ги кажувам своите тајни. Одев на Brake Dance но од несреќата  повеќе не одам, тоа беше мој сон. Ти не знаеш како е тоа, цел живот го слушам тоа, сите се луѓе но ретко кој е човек, работам во кинеска продавница трчам цел ден, едвај стигам дома да научам но сепак ги имам сите петки. Морам да учам за кога ќе пораснам да имам што да работам за да го издржувам своето семејство. Јас и барат ми немаме што да јадеме, одиме до ѓубриштата за да најдеме парче леб чисто колку да го заситиме стомакот, морам да заработам пари за лекарствата на баба ми. Морам да го носам брат ми  во градинка и да одам по него, морам да го облекувам сега јас сум му  како мајка.

Тој едвај преживеа во несреќата и имаше инфаркт, морам да го водам на контрола. Никој не го разбира мојот живот, сите ми го вртат грбот, кога ќе поминам  покрај некого сите бегаат, кога играме нешто на училиште секогаш последен ме избираат. Кога еднаш подготвувавме приредба за родителите  игравме фолклор и јас се фатив до едно девојче а нејзините раце беа толку нежни и таа ми рече „дали некогаш си ги измил рацете“ јас ја погледнав и се насмевнав, а душата ми плачеше, како не сум се измил! Туку рацете ми се такви од работа. Трчам насекаде, ноќе не смееам да спијам за да не и се случи нешто на баба, спиеме на слама и на брат ми секогаш му е ладно и морам да ја соблекувам својата облека за да го згреам да не дехидрира.

Ова е мојот живот ајде ти напиши ми го својот? Само играш на компјутер, а многумина ќе се запрашаат од каде ми е мене? Па одам секој ден во библиотека да научам нешто повеќе и понекогаш  се вклучувам на Фб за да се слушнам со тетка ми од Италија да и кажам дека сите сме добри! Вие имате се, полн ормар и велите дека немате што да носите, 4-5 мобилни телефони и сакате нови, а јас сакам само МАЈКА и ТАТКО.

One comment

  • јованка

    8 август, 2015 at 19:09

    се потресов од приказнава,и се прашувам зар некаде ова постои…

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi