Мегалополиси со најдобрите плажи

21 мај, 20150
Ова се петте големи светски мегалополиси, со најубавите плажи.

 

Перт, Австралија

Иако првата работа која ви паѓа на памет кога зборуваме за австралиските градски плажи е сигурно култниот сиднејски Бонди, и други големи австралиски градови имаат прекрасни плажи. Еден од нив е Перт, град кој се наоѓа на Индискиот океан. Тој нуди одлични плажи за рекреација и уживање, а исто така и т.н. „водена зоолошка градина“ каде што може да се дружите со фоки и делфини.

Посетителите во Перт можат да уживаат цела година со оглед на тоа што летата се топли, а зимите благи. Покрај тоа, градот нуди многу музеи, паркови и посети на вредна архитектура.

Кејптаун, Јужноафриканска Република

Еден од најважните градови во земјата е мешавина од прекрасна природа и урбан простор. Во него се наоѓаат и многу песочни плажи со кристално чисто море, кои се идеални за сончање, пливање и романтичен вечерен пикник.

Исто така, постојат плажи со високи бранови идеални за сурфери, а ако барате една таква, упатете се на плажата Нурхоек.

Хонг Конг, Кина

Можеби звучи неверојатно, но еден од најнаселените градови на светот изобилува со прекрасни плажи на кои можете да правите речиси се`. Капење, сончање, сурфање, играње одбојка, па дури и гледање желки, се работите кои ги нудат плажите во Хонг Конг. Исто така, во близина се наоѓаат прекрасни туристички ресорти, па ако имате вишок пари…


Широката лепеза на песочни плажи и чистото море ќе ги задоволат и оние најпребирливите. А кога веќе сте таму, одлично ќе си поминете и во самиот Хонг Конг.

Рио де Жанеиро, Бразил


Каква листа би била без градот кој ја има најпознатата плажа на светот, легендарната Копакабана. Одбојка, фудбал, забава и капење во океанот се само дел од она што го нуди таа. А секако, не треба да се занемари и дека одлично ќе си поминете и во самиот Рио, каде што има многу барови, ресторани и клубови.


Лос Анџелес, САД

Западниот брег на САД, а и еден од најопуштените градови на светот – Лос Анџелес. Многу уметност, можност за неброени активности, лета кои траат вечно, сето тоа го нуди градот на ангелите. Секако, тука е и она што најмногу ве интересира, плажите: Ел Матадор за романтична прошетка, Сурфрајдер за сурфање, Санта Моника за апсолутно се`.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi