Мистериозни места за кои веројатно не сте слушнале

6 октомври, 20150
11
На светот сè уште постојат мистериозни места за кои веројатно не сте слушнале. Ние издвоивме седум од нив.

Замрзнатите меурчиња во езерото Абрахам


Еден од најубавите и најретките феномени на светот можете да го видите ако се најдете во близина на езерото Абрахам во Алберта, Канада. Оваа луда глетка ја создава метанот кој се наоѓа под езерото, а се смрзнува кога ќе стигне до површината.

Инаку, метанот настанува кога остатоци од растенија и животни ќе потонат на дното од езерото и ќе почнат бактериски да се распаѓаат. Бактериите ги разградуваат сите органски работи и телата, при што се испушта овој гас.

Со оглед на тоа што густината на мразот е прецврста, гасот никогаш не успева да излезе на површина, па цело време се создаваат вакви уметнички дела.

Вулкански молњи на Исланд


Ваквите молњи на Исланд се познати како „валкана бура“. Кога ќе се случат, делува како да дошло до голема експлозија, освен тоа што со неа управува природата.

Овој луд облак настанува кога делови од карпите, како што е пепелта, ќе се судрат со мраз во вулканскиот облак. Како што облакот лебди нагоре, статиката во повисоките делови на атмосферата создава силна енергија која ги креира молњите.

Масивни кристали во пештерата Наица во Мексико


На крајот од познатиот рудник се наоѓа огромна кристална пештера која би сакале да ја посетат сите љубители на кристалот. Пештерата се нарекува мексиканската Пештера на кристалот и е дом на најголемите природни кристали на светот.

Пештерата создава совршено оркужување за кристалите, затоа што во неа има „пријатни“ 58 степени Целзиусови, што е за 15 степени повеќе отколку во врел ден надвор од пештерата. Но, благодарение на таа температура кристалите толку пораснале.

Розовото езеро „Хилиер“ во Австралија


Ова е прилично интересно езеро, а она што го прави уште поинтригантно е фактот што научниците се` уште не се сигурни на што треба да му ја заблагодари оваа боја. Засега најблискиот одговор е дека „виновникот“ за бојата е високото ниво на сол во водата. Имено, ова езеро е 10 пати посолено од океанот, кој сам по себе е многу солен.

Во езерото живее еден вид на микроалги – Dunaliella Salina кои успеваат да преживеат токму благодарение на солта. Овој вид на алги создаваат пигмент кој ја апсорбира светлината на ист начин како што тоа го прави бета-каротенот. Благодарение на тоа морковите се со портокалова боја, а еден вид на зелка е виолетова. Прилично сме сигурни дека и ова езеро во Западна Австралија, својата боја ја добива на ист начин.

Рефлектирачката пустина на сол во Боливија


Без разлика дали ја нарекувате пустина или бара, ова место останува подеднакво магично. “Salar de Uyuni” се протега на 10. 582 квадратни километри во југоисточна Боливија и изгледа како нацртано. Станува збор за трансформирани праисториски езера кои со тек на време на површината оставиле солена „кора“. Одразот кој се создава во неа ќе направи да се почувствувате како во сон.

Дрвја обложени со пајажина во Пакистан


На некои им делуваат страшно, а на други „кул“. Во секој случај, во селото Синдх ова не е никаква новост.

Од големите поплави во 2010 година, милиони пајаци биле присилени да побараат прибрежиште во крошните од дрвјата, а со текот на годините направиле сложени мрежи кои изгледаат како чудесни уметнички дела.

Светлечката плажа Ваадху на Малдивите


Ако некогаш сте посакале да се најдете на најромантичното место на светот, можеби би требало да го посетите ненаселениот остров Ваадху. Брилијантната светлина ја создава мала војска од морски микроорганизми – фитопланктони кои заринкуваат на плажата. Во текот на денот, овие планктони се црвенкасти, но навечер целосно се преобразуваат.

Постојат повеќе видови на фитопланктони кои поседуваат биолумнисценција – одбранбен механизам кој би требало да ги избрка потенцијалните напаѓачи. Така, кога се уплашени, тие почнуваат да светат за да бидат видливи. На наша среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi