Шума со многу тајни – И најхрабрите не се осмелуваат да влезат

23 март, 20150
13

Се работи за шумата Хоја Бачиу, лоцирана надвор од градот Клуж-Напока, во историскиот регион на Трансилванија, во Романија. Всушност, шумата Хоја Бачиу своето име го добила по овчар кој во неа се изгубил заедно со сите свои 200 овци.

Иако Трансилванија отсекогаш била асоцијација за морбидни дворци и аристократи желни за крв, сепак оваа шума има сосема поинаква приказна. Пред сè, во самото срце на оваа шума се наоѓа необично, кружно поле за кое многумина веруваат дека можеби некаков вид на порта до некој друг свет, место на кое слетуваат НЛО, па дури и дом на сите изгубени души кои никогаш не го пронашле патот надвор.

Оваа област станала озлогласена вон регионот, кога во 1968-мата година билогот Александар Сифт во текот на својата научна експедиција во шумата фотографирал НЛО во облик на диск. Фотографијата веднаш предизвикала голем интерес кај НЛО истражувачите ширум светот.

Тука се и мистериозните снопови светлина кои се јавуваат во најтемните области на шумата. Сифт го истражувал феноменот, и кажал дека дури и да не се работи за паранормални појави, науката сепак не може со точна сигурност да објасни за што всушност станува збор.

Покрај тоа, оваа шума е исто така позната и како Бермудскиот триаголник на Трансилванија помеѓу паранормалните истражувачи, како што е на пример доктор Адријан Патрут, претседателот на Романското друштво за парапсихологија. Некои стручњаци веруваат дека оваа шума е вистински Романски Бермудски триаголник.

– Ваквиот назив го потврдуваат и необичните видео записи и фотографии заедно со сведочењата на истражувачите кои ја проучувале оваа шума повеќе децении, изјавил доктор Патрут.

Посетителите на оваа област минуваат низ интензивно чувство на нервоза. На некои луѓе кои се нашле подлабоко во мистериозната шума, им се појавиле необјасниви осипи, чувство на чешање, изгореници и останати состојби како мигрена, мачнини, повраќање, па дури и дезориентираност во времето и просторот.

Постојат голем број документирани фотографии и видеа токму од оваа област од чудни, неидентификувани објекти, па шумата Хоја Бачиу со години наназад е омилена дестинација на сите вљубеници во надреалното. Впрочем и самиот изглед на областа е навистина необичен. Дрвјата имаат чудна искривена форма, светлината и звуците ги плашат посетителите, а како капак на сè, оние кои подолго престојуваат често завршуваат со вртоглавици и халуцинации.

Геолозите голем дел од овие феномени им ги припишуваат на огромното количество на бакар кое го има токму во овој предел.

https://www.youtube.com/watch?v=2JZoZ-oLNgo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi