Зошто Дубаи е еден од најексцентричните градови на светот!

18 април, 20150
Burj Khalifa (Dusk) Panorama

Дубаи е град кој има најмногу жители во Обединетите Арапски Емирати и е еден од најбогатите градови на светот. Токму поради тоа богатство, може да се каже дека Дубаи е еден од најексцентричните градови на планетата.

Овој модерен град е интересен спој на традицијата и екстраваганцијата.

На многу туристи од западната цивилизација Дубаи им претставува вистински културолошки шок. Еве што се можете да видите во овој интересен град:

Не е чудно да ги видите богаташите како шетаат домашни миленичиња од типот на гепарди на ланче.

На хелиодромот од хотелот „Бурџ ел Араб“ можете да се венчате, одиграте партија тенис или да возите мотор.

Во Дубаи се одржуваат трки со камили како и поло мечеви, но наместо коњи се користат овие симпатични животни.

Полицијата во Дубаи ги вози најскапите автомобили на светот. Во возниот парк имаат Ламборџини, Бугати, Ферари, Бентли…

Гужвите во овој милионски град се чести, а не би требало вас да ве изненади доколку во соседниот автомобил видите тигар како се досадува.

Богаташите во Дубаи сакаат да бидат единствени и екстравагантни. Интернетот е преплавен со фотографии од овој двоен џип кој може да се види само во ОАЕ.

Ако сте пак во брзање, во Дубаи можете да си подигнете златни плочки на банкомат.

Освен гепарди, граѓаните на Дубаи сакаат за куќни миленичиња да имаат и птици, на пр. сокол, па ваквите сцени од овој трговски центар не би требало да ве чудат.

Исто така не би требало да ве чуди ако кај комшиите во дворот наместо куче видите некоја голема мачка.

Овој џип е прекриен со златници, а со тоа уште еднаш се покажуваат екстравагантните и уникатни автомобили на Дубаи.

Во овој град се наоѓа и најинтересниот Старбакс на светот.

Еве што се појавува кога некој сајт во Дубаи е недостапен.

Тука се наоѓа и највисоката зграда на светот од каде можете да го видите фасцинантниот поглед на градот.

А ако ви здосади топлината која во Дубаи не паѓа ниту во зимските месеци, секогаш можете да отидете до трговскиот центар на скијање.

Сепак, во Дубаи никогаш не е досадно, што докажува и оваа фотографија од еден двор која беше поставена на друштвените мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi