Јапонски чизкејк од 3 состојки

7 мај, 20150
Јапонски чизкејк од 3 состојки

Состојки:

● 3 јајца
● 120гр бело чоколадо
● 120гр несолено крем сирење на собна температура

Подготовка:

Најпрво одвојте ги жолчките од белките. Белките ставете ги во фрижидер а рерната вклучете ја на 170 степени Целзиусови како би се загреала. Белото чоколадо скршете го на парчиња и стопете го на пареа. Кога малку ќе се излади, промешајте го со крем сирењето кое претходно било оставено на собна температура. Додадете ги жолчките и сето тоа измешајте го со шпатула. Извадете ги белките од фрижидерот и добро сматете ги така да добиете цврст снег.

Потоа промешајте ги со пластична шпатула снегот од белки и филот од крем сирење и чоколадо.

Добиената смеса сипете ја во претходно намастено тавче со пречник од 15 сантиметри која неколку пати ќе ја подигнете и грубо ќе ја спуштите со цел да се испушти целиот воздух од смесата, а со цел колачот во текот на печењето да не испука.

Ставете го тавчето во уште поголемо тавче кое претходно сте го наполниле со врела вода. Печете точно 15 минути на 170 степени Целзиусови, а потоа 15 минути на 160 степени Целзиусови. На крај, изгасете ја рерната и оставете го колачот да отстои во неа уште 15 минути. Извадете го тавчето, оставете потполно да се излади, а потоа украсете со шеќер во прав и сервирајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi