Леб без брашно: Рецепт за сите кои сакаат да јадат и да слабеат

16 февруари, 20150
3

Ако сакате да уживате во вкусниот сендвич без грижи на совеста, направете вкусна, мека и здрава верзија на леб, без ронка брашно.

СОСТОЈКИ:

  • 3 јајца
  • 100 грама намаз од сирење
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • Малку сол
  • Хартија за печење

ПОДГОТОВКА:

  1. Во еден сад издвојте ги белките, додајте малку сол и изматете ги во облик на цврст снег.
  2. Во друг сад ставете ги жолчките, сирењето и прашокот за печиво, па добро измиксирајте додека не добиете смеса без грутки.
  3. Во смесата од жолчки постепено додавајте го снегот од белки и постојано мешајте.
  4. На тава за печење постелете хартија за печење, па земајте по малку од смесата и обликувајте кифлички или топчиња. Не заборавајте да оставите доволно простор меѓу секое парче.
  5. Тавата ставете ја во загреана печка и печете околу 25 минути на 150 степени.

СОВЕТИ:

Кога лебчето ќе го извадите од печка ќе ве изненади неговиот изглед сличен на печена белка, но не се разочарувајте, токму такво мора да биде, но не за долго. Имено, откако во целост ќе се олади, лебчето е важно да го ставите во сад со херметички капак, и да го оставите преку ноќ. Во тој период во целост ќе ја промени текстурата и ќе почне да наликува на леб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi